19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖито маркети отвори нов продажен објект во општина Чашка

Жито маркети отвори нов продажен објект во општина Чашка

Otvoranje_Zito Marketi_Cashka 2

Жито Маркети го отвори својот прв маркет во општина Чашка, Велес. Тој се наоѓа на улица 8-ми Септември број 2, а се протега на површина од 100 метри квадратни во кој ќе работи тим од 7 луѓе на една наплатна каса.

„Искуството од нашите ниски цени, квалитетни производи и професионална услуга ќе можат да го имаат и жителите на Чашка. Ние како и секаде, така и овде, подготвени сме да им излеземе во пресрет на нивните потреби и барања при купувањето.“, – изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

Otvoranje_Zito Marketi_Cashka 4

Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет, а покрај големите попусти гостите ја искористија и својата Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ за дополнителни бенифиции при купувањето.

Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 21:00 часот навечер, а во недела од 08:00 часот наутро до 14:00 часот напладне.

Otvoranje_Zito Marketi_Cashka

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП