29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Нема да соработуваме со „Тројката“

Варуфакис: Нема да соработуваме со „Тројката“

Yanis Varoufakis

Грчката влада нема да соработува со „Тројката“ (ММФ, ЕЦБ и ЕК), ниту ќе бара продолжување на програмата за финансиска помош, вели грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

„Грција ќе соработува со институциите на ЕУ, но не и со „Тројката“, изјави Јанис Варуфакис на состанокот со шефот на Еврогрупата Јерун Дајселблум, со кој разговара за условите за пакетот помош.

Дајселблум изјави дека е важно да не се изгуби напредокот кој Грција го оствари во текот на претходните години.

„Оваа платформа ни овозможува да ја добиеме довербата на грчкиот народ. Нашиот прв потег како влада нема да биде да ги отфрлиме причините за преиспитување на оваа програма прифаќајки го нејзиното продолжение“, порача Варуфакис.

Варуфакис вели дека му дал уверување на Дајселблум дека официјална Атина планира да спроведе реформи кои економијата на Грција би ја направиле поконкурентна и кои би придонеле за балансирање на буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП