28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota е лидер според иновациите во индустријата

Toyota е лидер според иновациите во индустријата

toki 36

Компанијата „Thomson Reuters“ ги објави резултатите од своето истражување на патентната активност на различни автомобилски производители. Излегува дека патентите добиени во индустријата до јули 2014-та година се речиси 12.000. Студијата го опфаќа периодот од 2009-та година, кога нивната бројка била едвај 2.000.

Лидер по добиени патенти за овој период (2009-2014) е компанијата „Toyota“, која регистрирала повеќе од 7.000 иновации. Само за новини во областа на производството на мотори, Јапонците презентирале 3.700 патенти.

Во областа за развој на системи кои му помагаат возачот, лидер е компанијата „Bosch“ со 200 патенти. Тие се за технологии, како систем за автоматско препознавање на сообраќајни знаци, систем за автоматско сопирање, како и систем за пронајдени објекти крај патот, кога тие се надвор од зоната за видливост на возачот.

Најмногу технологии се поврзани со заштедата на гориво и се патентирани од „Hyundai“ и американските „GM“ и „Ford“. Освен тоа, токму „Hyundai“ е најбрзо растечка компанија според квантитетот на добиени патенти. Во 2010-та година таа има преземено околу 500, а во 2013-та бројката надминува 1.200.

Општо земено иновациите за безбедност на возилата, патентирани во 2009-та година, се малку под 1.000, додека во 2013-та година надминуваат 2.500. Интересно е дека во областа на навигација и управувањето на возилата, бројот на патентите во текот на целиот период останува на едно и исто ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП