20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.01.2015

Дневен хороскоп 30.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате можност да ги импресионирате своите соговорници со некаков свој личен талент, но ситуацијата ќе биде двонасочна. Од една страна, може да се покаже како нешто привремено и наскоро да предизвика разочарување кај луѓето кои ве подржуваат. Од друга страна, оние што се против вас ќе се обидат на секој можен начин да ве нападнат.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете внимание на членовите на вашето семејство, бидејки имаат потреба од ваш совет. Во овој период, моментите исполнети со среќа ќе бидат почести.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Успешен ден, но тежок. Ќе треба да работите неколку различни работи истовремено и веројатно ќе се изморите. Но, ќе успеете бидејќи најпрво верувате во тоа. Обидете се вечерта да си легнете порано, бидејќи само така ќе ја надополните силата за наредниот ден.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Расположението ви е прекрасно и денес ќе бидете многу комуникативни, но во исто време ќе бидете и невнимателни. Воздржете се од непотребни приказни со кои можете да ги покажете вашите слаби страни и да си создадете потенцијални непријатели. Некоја Девица ќе ви ја понуди нејзината помош во решавањето на проблемите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Тензиите ви се намалуваат, но и спротивставените сили ви се намалуваат. Бидете претпазливи, внимавајте што зборувате. Непријателите можат да ве вклучат во големи проблеми поради двосмисленоста на тоа што го кажувате. Очекувајте подадена рака од ваш близок пријател во тешките моменти.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Премногу сте изложени на надворешни влијанија. Воздржете се било какво донесување на одлука за имотни и семејни прашања. Не слушајте совети од најблиските, со цел вашата одлука да биде субјективна. Ќе добиете интересен предлог од некоја Шкорпија.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не очајувајте за неуспесите. Повеќето проблеми ќе изникнат од фактот дека не сте подготвени да дејствувате тимски. Имајте ентузијазам и оставете ги другите да даваат идеи. Ако не друго, барем ќе се оттргнете малку.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Дека сте храбри и активни тоа е јасно, но денес тоа нема да биде доволно. Ќе ви треба повеќе флексибилност и дипломатија. Без оглед какви проблеми ќе настанат бидете подготвени да ги решите со компромиси и ветување. Не се потпирајте само на себе, ќе ви биде потребна дополнителна подршка.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Тензиите денес ќе растат брзо и неконтролирано. Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некои пријатели несебично ќе ја поделат нивната среќа со вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе постојат авантури, но и појавата на компликации не е исклучена. Ќе имате прекрасна можност да го истакнете вашиот креативен потенцијал, но не претерувајте со експерименти. Разгледајте ги вашите финансии пред да се впуштите во шопинг.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се околу вас ќе биде изненадувачки и ќе поттикнува прашања без точен одговор. Всушност, одговор има, но вие размислувате премногу идеалистички и одбивате да го прифатите реалниот одговор. Во таков случај најдобро ќе биде да го намалите темпото.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не чекајте покана, ако веќе имате на ум нешто. Започнете го, дури и да не сте сосема сигурни во шемата, технологијата и начинот на работа. Подобро е да работите на принципот обиди се или згреши отколку само да мечтаете за тоа. Некој ќе се понуди да ви помогне без да ви наплати за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП