29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin најде пари за нови модели

Aston Martin најде пари за нови модели

aston 33333

Еден од главните инвеститори на „Aston Martin“ – приватниот италијански фонд за инвестиции „Investindustrial SpA“, е подготвен да обезбеди финансирање за развој на нови модели на британската марка. Тоа го пишува весникот „Automotive News Europe“ при што го цитира претседателот на Одборот на директори на „Investindustrial“ – Андреа Бономи.

Италијанците купија 37,5% од акциите на автомобилската марка од кувајтската инвестициска група „Investment Dar“ во 2012-та година. Тогаш беше проценето дека инвестиција ќе се реализира помеѓу 7 и 10 години.

Според зборовите на Бономи, автопроизводителот има план за развој и „Investindustrial“ од самиот почеток е подготвена да го обезбеди материјално. Се очекува во текот на автосаемот во Женева во март, новиот шеф на „Aston Martin“ – Енди Палмер, да открие детали за стратегијата.

Во моментов Британците се единствениот во светот независен производител на суперавтомобили кој не припаѓа на некој од големите концерни. Од гледна точка на финансирањето на истражувања и новите случувања, ова ја отежнува конкуренцијата со брендовите како „Bentley“ (Volkswagen Group), „Rolls-Royce“ (BMW Group) или „Maserati“ (Fiat Chrysler Automobiles). Покрај „Investindustrial“, големи акционери во „Aston Martin“ се Кувајтски компании „Investment Dar“ и „Adeem Investment Co“. Германскиот концерн „Daimler“, исто така има 5% од акциите.

Се очекува парите обезбедени од „Investindustrial“, да одат за нови модели. Компанијата веќе ги регистрираше ознаките „DB10“, „DB11“, „DB12“, „DB13“ и „DB14“, а првата беше употребена при претставувањето на новиот автомобил на Џејмс Бонд, кој ќе се користи во најновиот филм за легендарниот агент на британските служби. Машината засега е само концепт, кој треба да излезе и во сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП