25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus го претстави ZenFone C

Asus го претстави ZenFone C

zenfone c model

Во светот на смартфоните никогаш не е доста, а најновиот придонес во зголемувањето на достапноста на моделите даде компанијата „Asus“ која го претстави новиот „ZenFone C“. Овој уред е тука за да го замени „ZenFone 4“ кој на пазарот се наоѓа точно една година.

„Asus“ не експериментираше премногу со изгледот на куќиштето, па новиот модел ќе биде скоро идентичен со стариот. Но на прв поглед, сепак ќе може да се забележат поголеми димензии – 136,5x67x10,9 милиметри, кои привенствено се предизвикани од „IPS“ екранот кој сега има дијагонала од 4.5 инчи. Поголемата дијагонала не мора да значи и поголема резолуција, таа и натаму изнесува 480×854 пиксели.

Кога станува збор за процесорот, и тука е истиот „Intel Atom Z2520“ со две јадра и такт од 1,2 GHz. Но од сега во понудата нема да биде модел со внатрешна меморија од 4 GB, туку единствениот модел ќе има 8 GB интерна меморија. „ZenFone C“ поддржува и „microSD“ мемориски картички со максимален капацитет од 64 GB.

Oвој модел на смартфон нема да биде меѓу првите избори на љубителите на „селфи“ фотографии, затоа што предната камера има резолуција од само 0,3 MP, додека задната има резолуција од 5 MP и LED блиц. Но, „Asus“ сепак напредуваше со новиот модел и на тоа кога станува збор за батеријата. Имено, разликата од „ZenFone 4“ кој беше опремен со батерија со капацитет од 1.200, oдносно 1.600 mAh, новиот „ZenFone C“ има батерија со капацитет од 2.100 mAh.

„ZenFone C“ на стартот ќе доаѓа со „KitKat“ на „Android“ кој вообичаено е надограден со корисничкиот интерфејс „Asus ZenUI“. Во продажба (Малезија) би требало да пристигне наскоро на пазарот по цена од 97 долари, додека за глобалната достапност на уредот засега нема информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП