23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Газпром е намалена за 61 процент

Добивката на Газпром е намалена за 61 процент

gazprom ukraina23

Профитот на „Газпром“ е намалена за 61% во третиот квартал од 2014-та година, откако беа запрени испораките за Украина.

Профитот на компанијата за периодот од јули до септември е 105.7 милијарди рубљи (1.5 милијарди долари). Од „Нафтогас Украина“ соопштија дека имаат жалба пред Арбитражниот суд во Стокхолм за намалувањето на транзитот на гас кој тече низ нестабилната држава, која е растргната од тешкиот меѓунационалнен конфликт.

Од Киев инсистираат и за промена на тарифата за транзит. Транзитот преку Украина од Европската унија во последниве години постојано се намалува. Тоа е дел од стратегијата на „Газпром“ да ги минимализира ризиците при снабдувањето со гас на Европа.

Во 2014-та година во украинскиот транспортен систем за гас транзитираа 58.9 милијарди кубни метри гас, во споредба со 83.90 милијарди кубни метри во 2013-та година и 92.2 милијарди кубни метри во 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП