20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПаулиста е нов играч на Арсенал

Паулиста е нов играч на Арсенал

paullista arsenal 325

Досегашниот фудбалер на Виљареал, Габриел Паулиста и официјално стави потпис на договор со Арсенал, соопшти клубот од Лондон.

24-годишниот Габриел својата професионална кариера ја почна во 2009-та година во бразилска Виторија, од каде четири години подоцна се пресели во Виљареал.

„Почнав во клуб кој не е најголем во бразилскиот фудбал. Од таму се преселив во Шпанија, но подолго време веќе сакав да играм во Премиерлигата и сега го живеам тој сон. Доаѓам во голем клуб, навивачите може да бидат сигурни дека ќе дадам секогаш максимум“, вели Габриел.

Арсенал денеска соопшти и дека Џоел Кембел потпишал повеќегодишен договор со клубот, но дека ќе оди на позајмица во Виљареал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП