25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ15 причини поради кои Android телефоните се подобри од iPhone

15 причини поради кои Android телефоните се подобри од iPhone

ANDROID-VS-IOS333

И додека „Apple“ бележи рекордна продажба на својот паметен телефон „iPhone“, и натаму постојат одредени причини поради кои би требало да се одлучите за уред кој го користи оперативниот систем „Android “.

15 причини поради кои „Android“ телефоните се подобри од „iPhone“:

1. Кога ќе купите „iPhone“ имате толку простор за вашите филмови и музика колку што има меморијата на моделот кој сте го купиле и тоа е тоа. Од друга страна, повеќето уреди кои користат „Android“ поседуваат и слот за „microSD“ картичка и така можете лесно и едноставно да ја проширите меморијата на телефонот.

2. Доколку батеријата почне да „умира“, секогаш можете да ја замените со нова кај повеќето „Android“ телефони. Но тоа неможете да го сторите кај „iPhone“.

3. Повеќето од подобрите „Android“ смартфони можете да ги користите како далечински управувач затоа што поседуваат инфрацрвен бластер.

4. Сите „Android“ фајлови, фотографии и слики од пораките се чуваат во посебни фолдери. Генерално, „Android“ видливиот систем за фајлови е одличен. Кога ќе го поврзете телефонот со компјутер можете да видите систем кој е сличен на тој кој инаку го користите на персоналниот компјутер. „iPhone“ не нуди ваков пристап до документите.

5. На „Android“ не му е важно од каде доаѓа вашата музика. „Apple“ и „iOS“ го бараат „iTunes“ доколку сакате да префрлите музика на „iPhone“, а доколку сакате некоја фотографија да префрлите на компјутер, тогаш ви е потребен „iPhoto“.

6. Можете да го користите било кој „micro-USB“ кабел за да го наполните „Android“ телефонот. Ако сакате да го наполните „iPhone“ морате да го имате специјалниот кабел на „Apple“.

7. Продавницата на „Gооglе“ за апликации ви дозволува да симнете апликации директно од нивната интернет страна. Доколку во прелистувачот пронајдете некоја интересна апликација за „iPhone“, морате да го стартувате „iTunes“ или да ја лансирате продавницата на „Apple“ за да ја инсталирате.

8. На ист „Android“ таблет можете да имате повеќе кориснички налози.

9. „iPhone“ телефонот можете да го отклучите со отпечаток на прстот или со шифра, додека повеќето „Android“ телефони на располагање имаат уште неколку опции, вклучувајќи го и отклучувањето со лице.

10. „Android“ телефонот можете да го прилагодувате според вашите потреби и желеби.

11. За разлика од „iPhone“, „Android“ од вас нема да бара сите апликации да ги чувате на „homescreen“.

12. На некои „Android“ телефони можете да видите неколку апликации во исто време.

13. Кога имате „Android“ смартфон, сите ваши нотификации се видливи на врвот на екранот, така многу лесно можете да се сетите дека ви останало да реализирате дел од обврските.

14. Oва можеби е ситница, но кога ќе го наместите алармот на „Android“ телефонот, тој ви покажува уште колку сон ви преостанува.

15. И на крајот, цената. Постојат голем број на солидни „Android“ телефони кои можете да ги купите по значително пониска цена, отколку „iPhone“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП