25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini за на копно, но и за на вода (фото+видео)

Lamborghini за на копно, но и за на вода (фото+видео)

gliser lambo

Богатите сопственици на „Lamborghini Aventador Roadster 50 Anniversario“ сега имаат можност да купат и супербрз глисер кој со својот дизајн и перформанси одговора на овој ексклузивен автомобил.

По повод јубилејот од половина век постоење, „Lamborghini“ во 2013-та ја претстави својата специјална серија на моделот „Aventador“ со помоќен 6.5-литарски „V12“ мотор со 720 ks, како и посебната боја на надворешноста и енетриерот, но и различните аеродинамички додатоци.

gliser lambo1

Тогаш беше планирано „Aventador LP 720-4 – 50 Anniversario“ да биде произведен во 200 примероци (100 купе и 100 кабриолет), што ќе допринесеше до екслузивноста на моделот и ја оправда неговата цена од 750.000 долари.

Купувачите на кои во меѓувреме им беше доставен нарачаниот примерок, уживањето во овој автомобил сега можат да го дополнат со купување на специјалниот глисер со амблемот на „Lamborghini“, а за тоа задоволство ќе мораат да платат 1.3 милиони долари:

За тие пари ќе станат сопственици на супербрз глисер долг 15 метри, кој според бојата и дизајнот потсетува на нивниот „Aventador“.

Глисерот го придвижуваат два „twin-turbo – Mercury Racing“ мотори со вкупно 2.700 ks.

Tеоретски, глисерот може да постигне максимална брзина од неверојатни 300 km/h, но за тоа е потребно да се стекнат идеални услови и површината на водата да биде целосно мазна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП