28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook објави повисоки приходи од очекуваните

Facebook објави повисоки приходи од очекуваните

fb dolari

Приходите на „Facebook Inc“ забележаа раст од 49% во четвртиот квартал од минатата година, а растот кај мобилното рекламирање и помогна на најголемата социјална мрежа во светот да објави подобри финансиски резултати од очекуваните.

Растот на приходите на компанијата, сепак е послаб од почетокот на 2013-та година, а нејзините трошоците се зголемувале со побрзо темпо. Акциите на „Facebook“ поевтинија со околу 2.6%. Бизнисот на „Facebook“ профитира благодарејќи на мобилните реклами за телефони и таблети.

Успехот на компанијата е во контраст со резултатите на другите интернет компании, како „Google Inc“ и „Yahoo Inc“, кои се соочуваат со тешкотии да ги префрлат рекламите од персоналните компјутери на мобилните уреди.

Вчера од „Facebook“ објавија дека ја завршиле 2014-та година со 1.39 милијарди месечни корисници, а 86% од нив влегуваат во профилите преку паметни телефони и други мобилни уреди.

Мобилните реклами претставувале 69% од рекламните приходи на компанијата во четвртиот квартал, или 2.48 милијарди долари. Многу инвеститори веруваат дека видео рекламите кои „Facebook“ започна да ги нуди минатата година, ќе ја обезбедат следната фаза од растот на компанијата.

„Facebook“ предупреди дека 2015-та ќе биде година на сериозни инвестиции во позадина или за засилените обиди на компанијата за проширување на понудените услуги, меѓу кои се апликацијата „WhatsApp“, апликацијата за споделување на фотографии „Instagram“ и производителот на уреди за виртуелна реалност „Oculus Rift“.

Растот на приходите на „Facebook“ во четвртиот квартал беше помал од оној на оперативните трошоци, кои се зголемија за речиси 87%, како резултат на големиот скок на трошоци за развој и за маркетинг и продажба.

Приходите на „Facebook“ за четвртиот квартал изнесуваат вкупно на 3.85 милијарди долари, во споредба со 2.59 милијарди долари од една година порано. Прелиминарните очекувања на аналитичарите беа во просек за 3.77 милијарди долари. Од „Facebook“ објавија дека профитот на компанијата е 54 центи по акција, додека аналитичарите очекува дека тој ќе изнесува 49 центи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП