28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо тргнува во офанзива по Серхио Рамос!?

Мурињо тргнува во офанзива по Серхио Рамос!?

Milan-Real Madrid Champions League

Дефанзивецот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Серхио Рамос, преговара со раководството на „кралскиот клуб“ за нов договор, меѓутоа преговорите се стопирани затоа што фудбалерот и управата не се наоѓаат на иста бранова должина околу висината на годишната плата.

Тоа веќе ги разбуди англиските премиерлигаши, кои секако би сакале да го видат Рамос во своите редови.

Британските медиуми пишуваат дека најзагреан е Челси, кој во летниот преоден рок се подготвува да испрати официјална, и тоа богата, понуда за репрезентативецот на Шпанија.

Менаџерот Жозе Мурињо одлично ги познава квалитетите на Рамос, со оглед дека претходно работеше со него во Реал Мадрид.

Раководните луѓе на Челси веќе оствариле првичен контакт со агентот на Серхио Рамос, но, сепак, Реал Мадрид и понатаму ја има повластената позиција за да го задржи во својот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП