24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗR-Class ќе се произведува во домот на Hummer

R-Class ќе се произведува во домот на Hummer

r klass

Компанијата „AM General“, која ги создава цивилната и воената верзија на „Hummer“, ќе го произведува миниванот со погон на четири тркала „Mercedes-Benz R-Class“. Договорот предвидува моделот да се составува во фабриката на „AM General“ во државата Индијана, соопштија од „Mercedes-Benz“.

Во моментов американската верзија на „R-Class“ се произведува во фабриката на „Mercedes-Benz“ во Таскалуса, Алабама, заедно со седанот „C-Class“ и кросоверите „M-Class“ и „GL-Class“. Со доаѓањето на крос-купето „GLE-Class“, производство расте значително и капацитетите не достигнуваат да одговорат на побарувачката.

Затоа компанијата одлучила да ги даде правата за „R-Class“ на „AM General“, станува јасно од информациите.

Самиот модел уште од 2013-та година се произведува исклучиво за кинескиот пазар. Во речиси сите други држави, каде се продаваше миниванот, неговото присуство беше стопирано уште во 2012-та година, а причините се слабата побарувачка и високите трошоци за производство.

За да може да го прави „Mercedes-Benz R-Class“, раководството на фабриката на „AM General“ почнува да селектира и обучува нови работници. Предвидено е само производството на продолжената верзија на овој модел, а плановите се од производните ленти да слегуваат по 10.000 примероци годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП