Директорката на Царинската управа, Наташа Радеска Крстевска, денеска ќе го посети граничниот премин Блаце.
Радеска Крстевска ќе информира за новата можност за безготовинско плаќање на царинските и други давачки поврзани со царинското работење, со цел давање на квалитетна и брза услуга на граѓаните.