24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за транспарентност и отчетност на Буџетот

Конференција за транспарентност и отчетност на Буџетот

dobivka_od_pola_milion_denari

Во организација на Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“­Скопје (ИДСЦС) денеска во Скопје ќе се одржи конференција за „Транспарентност, перформанси и отчетност на Буџетот на Република Македонија“.

На конференцијата ќе бидат презентирани клучните наоди и препораки од истражувањата на транспарентноста на буџетските корисници спроведени во текот на 2014 година, мерењето на резултати од спроведување на програмите на буџетските корисници и можноста за воведување на буџетирање по перформанси.

Покрај домашните експерти кои работеа на овие истражувања и претставници од државни институции, на конференцијата најавено е обраќање на шефот на Делегацијата на ЕУ, Аиво Орави и на министерот за економија Беким Незири.

За искуството на Словенија во воведување на буџетирање по перформанси ќе зборува Митја Гаспари, поранешен гувернер на Банка на Словенија и поранешен министер за економија на Словенија.

На конференцијата ќе бидат промовирани публикациите „Извештај од мониторинг на транспарентноста и отчетноста на буџетските корисници“, „Буџетска транспарентност и отчетност во Македонија“ ­ студијата за јавна политика“ и „Буџет базиран на перформанси – За подобар буџетски процес и зголемување на транспарентноста и отчетноста“ ­ физибилити студијата и студијата за јавна политика.

Конференцијата се спроведува во рамките на проектот „Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси”, кој го имплементираат ЦЕА и ИДСЦС, а е финансиран од Европската унија.

Целта на проектот е да промовира буџетска транспарентност за отчетно трошење на јавните финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП