28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјава за продажба на градежно земјиште во СРЦ Кале

Објава за продажба на градежно земјиште во СРЦ Кале

kale zemjiste 25

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на неизградено државно градежно земјиште предвидено со Детален урбанистички план за дел од Спортско­рекреативниот центар „Кале“, Блок 2, плански период (2012­2017), наменето за градење деловни простории со површина од 2.447 метри квадратни.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а пријавите за учество може да се достават најдоцна до 2 март годинава. Електронското јавно наддавање ќе се оддржи на 9 март годинава во 10 часот на интернет­ страницата www.gradezno-­zemjiste.mk.

Право на учество на наддавањете имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија).

Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет­страницата на Министерството за транспорт и врски ­ www.mtc.gov.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП