18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan се откажува од нестандардните проекти (фото)

Nissan се откажува од нестандардните проекти (фото)

niki 1

Јапонскиот производител на автомобили „Nissan“ привремено ја замрзнува работата на најхрабрите и нестандардни проекти, за да ги насочи сите напори во развојот на масовните модели кои им носат и поголеми приходи, соопшти „Automotive News“.

niki 2

Според информациите, засега Јапонците престанаа да работат на создавањето на буџетен спортски автомобил во стилот на концептот „iDx“, на новата верзија на нестандардната спортската машина „BladeGlider“ со ниско поставени предни тркала и на моќниот седан со погон на четири тркала „Infiniti Q50 Eau Rouge“.

niki 3

Најважниот од овие три модели беше токму „iDx“, која требаше да ги привлече младите клиенти на брендот. Што се однесува до „BladeGlider“ – тој мораше да се претвори во реклама на електричните возила и да ја покаже високата технологија со кои располага „Infiniti“. Кај него има проблем и со интелектуалната сопственост, за која тврди американската компанија „DeltaWing Racing Cars LLC“.

niki 4

Третиот проект – „Q50 Eau Rouge“, од своја страна требаше да внесе нов живот на премиум-брендот „Infiniti“. Тој, сепак, исто засега ќе биде замрзнат, откако остана без двајца од најсериозните поддржувачи – поранешниот потпретседател на „Nissan“, Енди Палмер и екс-шефот на „Infiniti“, Јохан де Нисен, кои ја напуштија компанијата. Првиот го предводи „Aston Martin“, а вториот – „Cadillac“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП