18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗавршува соработката меѓу Барселона и Qatar Airways!?

Завршува соработката меѓу Барселона и Qatar Airways!?

sorabotka katar airlines

Претседателот на Барселона, изјави дека е можно да се прекине спонзорскиот договор со „Qatar Airways“ поради јавниот притисок околу случувањата во Емиратите.

Претседателот Жозеп Марија Бартомеу објави во интервју за каталонското радио дека клубот бара алтернативи и дека договорот истекува на крајот на 2016-та година.

„Пред четири години потпишавме од економски причини“, рече тој. Но посочи дека социјалните прашања во моментов треба да бидат земени во предвид.

Шпанскиот клуб често е критикуван од навивачите поради врските со катарската Влада и проблемите со почитувањето на човековите права при подготовките за Светското првенство во 2022-ра година.

Партнерството на Барселона со „Qatar Foundation“ започна во декември 2010-та година, кога за прв пат беше поставена реклама на нивните дресови. Во 2011-та година клубот потпиша договор вреден 150 милиони долари со „Qatar Airways“.

„Ќе мора да се погледне наоколу за други можности. Треба да сме чувствителни кон случувањата таму и да го направиме најдоброто за Барселона. Нашиот партнер „IMG“ ја испитува ситуацијата“, вели Бартомеу.

Пред тоа Барса го носеше логото на УНИЦЕФ и дури и помагаше на организацијата со донации. Многу фанови се уште не го прифаќаат ова решение, иако Бартомеу сака да го заштити.

„Ситуацијата во фудбалот се промени. Треба да сме конкурентни на останатите клубови. Гледаме дека во Атлетико влегуваат Кинези, а во Валенсија има други Азијци“, коментира тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП