16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Series 1 oд семејството М (фото)

BMW Series 1 oд семејството М (фото)

m135i

Компанијата „BMW“ официјално го претстави обновениот хечбек „Series 1“, но така и ни ја откри неговата најмоќната модификација – „M135i“.

Најсилната верзија на редизајнираната „Series 1“ доби специјална боја – „Valencia Orange“. Таа се разликува од стандардниот хечбек по големите отвори за воздух на предниот браник, задниот дифузор во „црна металик“ боја, како и во двете цевки на издувниот систем. Различни се задните светла, како и новите бандажи.

Засега нема слики од внатрешноста на овој модел, но се очекува тој да не се разликува значително од оној на стандардната верзија. Сигурно модификацијата ќе добие спортски волан, како и другите елементи со кои се докажува нејзината припадност кон машините на „BMW“ од семејството „М“.

m135i1

Моделот „M135i“ е опремен со 3.0-литарски бензински мотор со 6 цилиндри, кој нуди моќност од 326 кѕ и 450 Nm вртежен момент. Верзијата со заден пренос со 6-брзински мануелен менувач забрзува од 0 до 100 км/ч за 5.1 секунди, а таа со 8-степен автоматик за 4.9 секунди.

Ќе има и варзија, опремена со системот за погон на сите четири тркала „xDrive“, кој ќе се нуди само со автоматска трансмисија. Кај него остварувањето на брзината до 100 км/ч од место ќе се случува за 4.7 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП