20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДомот на „кралевите“ ќе добие ново име - „Абу Даби Бернабеу“!?

Домот на „кралевите“ ќе добие ново име – „Абу Даби Бернабеу“!?

bernabeu 335

Стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде преименуван во „Абу Даби Бернабеу“, според шпанското спортско издание „AS“.

Информацијата се уште не е потврдена од Реал Мадрид, а клубот не се залагал експлицитно дека името на стадионот ќе се менува воопшто, пишува „Guardian“.

Претседателот на клубот Флорентино Перез сепак беше снимен како признава на член од локалниот парламент дека стадионот ќе се вика, како ќе одлучи инвестициската група од Абу Даби – „IPIC“.

Реал Мадрид потпиша договор со „International Petroleum Investment Company“ (IPIC) на крајот на октомври 2014-та година. „IPIC“ е со седиште во Абу Даби, а компанијата ја поседува шпанската нафтена компанија „Cepsa“ и е сопственост на Емиратите. Тогаш не беше објавена сумата, но Перез го претстави договорот како таков, што ќе му овозможи на Реал Мадрид да продолжи со обновувањето на „Бернабеу“.

Официјалните податоци не беа обелоденети, но подоцна стана јасно дека договорот е вреден 3 милиони евра годишно, додека Реал Мадрид не започне со работа на проектот, кога „IPIC“ ќе плаќа по 20 милиони евра годишно.

Од клубот не се соопштуваат дека стадионот ќе биде преименуван, иако Перез признал дека тој може да добие „прекар“. Во приватни разговори, сепак тој бил одреден. Во средината на ноември телевизиски камери го уловија Перез во разговор во Луција Фихар која одговара за спортот и образованието во локалниот парламент.

„Ќе го крстам „IPIC Бернабеу“ или како што сакаат … или „Cepsa Бернабеу““, рече тогаш Перез.

Сега „AS“ пишува дека стадионот ќе го носи името „Абу Даби Бернабеу“, откако „IPIC“ е отфрлен како име. Останува да се види дали ова е конечната одлука, но деновите, во кои стадионот на Реал Мадрид ќе се вика едноставно „Сантијаго Бернабеу“, се чини дека се изброени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП