29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi Mi Note распродаден за само три минути

Xiaomi Mi Note распродаден за само три минути

xiaomi-mi-note-render-1

Најновиот смартфон на „Xiaomi“, моделот „Mi Note“, кој се смета за еден од главните конкуренти на „iPhone 6 Plus“, доживеа огромен успех. Вчера, за само три минути од пуштањето во продажба преку интернет страната, распродадени се сите достапни примероци, објави „Android Central“.

Засега не е познато за колкав број станува збор, но од „Xiaomi“ имаат поставено за цел да продадат 100 милиони примероци од „Mi Note“ во оваа година. Компанијата за својот последен смартфон има добиено 220 милиони резервации, но тоа не значи дека тие ќе резултираат со продажба.

„Xiaomi“ често се нарекува „кинески Apple“, но и го критикуваат затоа што произведува уреди кои се во најголем дел слични со оние на кои се потпишува американската компанија. Главниот дизајнер на „Apple“, Џонатан Ив изгледот на мобилните на „Xiaomi“ го нарекол „кражба“, иако е тука фактот дека „Mi Note“ е со нешто помал дизајн во однос на „iPhone“.

Најновиот конкурент на „iPhone“ во елегантното куќиште има екран од 5.7-инчи, процесор со четири јадра, камера од 13 мегапиксели и бројни други премиум делови. Ова е дел од основниот модел, а во текот на март на пазарот би требало да се најде моделот „Pro“ со екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели, осумјадрен процесор со такт од 2 GHz и 64 GB внатрешна меморија. Цената на основниот модел е 371 долари, а на моделот „Pro“ би требало да изнесува 533 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП