23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИднина или фантазија: Концептот Alpine Vision GT (фото)

Иднина или фантазија: Концептот Alpine Vision GT (фото)

alpine 11

Компанијата „Renault“ го претстави свој спортски модел со кој ќе учествува во виртуелната игра „Gran Turismo 6“. Машината е предвесник на серискиот автомобил со кој спортската марка „Alpine“ ќе се врати на пазарот во 2016-та година.

alpine 44

„Renault Alpine Vision Gran Turismo“ располага со карбонска шасија, во чиј центар е поставен 4.5-литарски V8 мотор кој развива 450 кѕ. Тој го пренесува вртежниот момент на задната оска преку 7-брзински секвенцијален менувач. Тежината на виртуелниот болид е 900 килограми кои се распределуваат меѓу двете оски во сооднос 47:53. Бараната максимална брзина е 199 милји (320 км / ч).

alpine 55

Од „Renault“ го опишуваат својат развој како комбинација на минатото, сегашноста и иднината. Концепт исто така ја симболизира врската помеѓу виртуелниот и реалниот свет, иако ниту еден детал од прототипот нема да биде искористен за серискиот модел.

alpine 66

Се очекуваше „Renault“ да добие помош од британската „Caterham“ за оживување на „Alpine“, но во пролетта минатата година партнерите се разделија, откако се покажа дека имаат различно видување за проектот. Сепак Французите веќе се подготвени со дизајнот на првиот модел на „Alpine“. И во случај тој да жнее успех, „Renault“ ќе создаде цело ново семејство на автомобили.

alpine 77

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП