29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Геа останува на „Олд Трафорд“ до 2020-та

Де Геа останува на „Олд Трафорд“ до 2020-та

davidco 3 de gea

Манчестер Јунајтед склучи нов договор со шпанскиот голман Давид де Геа, до летото на 2020-та година. Претходниот договор на 24-годишниот голман беше до јуни 2016-та година.

Де Геа премина на „Олд Трафорд“ во 2011-та година од Атлетико Мадрид за сума од 18 милиони фунти и оттогаш одигра 157 натпревари, во кои прими 169 гола. Со тимот тој стана шампион на Англија во сезоната 2012/2013 и два пати го освои Суперкупот на земјата.

Де Геа има три натпревари за националниот тим на Шпанија. По 22 круга Манчестер Јунајтед го зазема четвртото место во англискиот шампионат.

Претходно се појавија информации дека од Реал се заинтересирани за Де Геа. Според информациите, шпанскиот тим беше подготвен да даде 50 милиони евра за голманот на Јунајтед.

Се очекуваат евентуални преговори помеѓу двата тима да има по крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП