25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Samsung Galaxy Note Edge со револуционерен дисплеј во салоните на Вип

Новиот Samsung Galaxy Note Edge со револуционерен дисплеј во салоните на Вип

note vip11

Секогаш во тек со најновите иновации во светот на технологијата и мобилната телефонија, Вип и овој пат за прв пат на македонскиот пазар со уникатна понуда за корисниците. Најновиот Samsung Galaxy Note Edge од последната серија на Galaxy Note, кој ја спојува напредната S Pen технологија и моќното визуелно искуство, од денеска е достапен во продажните салони на Вип.

note vip10

Новиот Samsung Galaxy Note Edge, кој може да се користи на напредната 4Г ЛТЕ мрежа на Вип со најголема покриеност во Македонија, поседува уникатен закривен екран кој им овозможува на корисниците нов интерактивен пристап до информациите, најчесто користените апликации и функции, едноставно и брзо со еден допир, дури и за време на гледање видеа без никакви пречки.

note vip22

Решенијата што во себе ги интегрира новиот Samsung Galaxy Note Edge е одраз на исклучителната иновација во индустријата на ваков вид уреди. Со извонредниот Super AMOLED Quad HD дисплеј од 5,6 инчи и резолуција од 2560 X 1440, овозможува брза репродукција на јасни слики со интензивни и живописни бои, со изразен контраст. Големиот екран на Samsung Galaxy Note Edge обезбедува значително подобрено корисничко искуство и е одличен одговор на барањата на корисниците за полесно и побрзо реализирање на повеќе функции во исто време. Истовремено, со извонредниот Samsung Galaxy Note Edge со оперативен систем Android 4.4 (KitKat), корисниците можат да го изберат начинот на пристап до своите апликации, користејќи го целиот, поделен или pop up екран.

note vip33

Samsung Galaxy Note Edge поседува ултра моќен 2,7 GHz Quad-Core Processor кој на корисниците им овозможува користење на повеќе апликации или функции во истовреме, брзо и едноставно. Новиот дизајн и новите материјали што се користени при изработка на екранот на овој уред ја намалува можноста за оштетување и помага при заштеда на енергија. Дополнителен адут на новиот Samsung Galaxy Note Edge е опцијата за брзо полнење на батеријата и ултра штедливиот начин на работа што гарантира поголема издржливост на батеријата.

note vip44

Напредниот систем на предната и задната камера на корисниците им нуди можност за репродукција на фотографии со врвен квалитет и перформанси. Galaxy Note Edge располага со задна камера од 16 мегапиксели и smart оптички стабилизатор за фотографиите, со што се овозможува врвен квалитет и за фотографирање во  движење и при слаба осветленост. Истовремено, Galaxy Note Edge поседува и предна камера од 3,7 мегапиксели која овозможува широко аголно сликање, со што на корисниците ќе им овозможи најдобри групни фотографии.

note vip55

Galaxy Note Edge овозможува голем избор на различни методи и начини за организирање на активностите и креирање белешки, што го олеснува организирањето на секојдневните обврски. Новата иновативна функција Snap Note на корисниците им овозможува да ги фотографираат своите белешки и брзо и едноставно да ги конвертираат во S Note формат.

Новиот Samsung Galaxy Note Edge е достапен во сите салони на Вип оператор по цена од 19.999 денари во Vip Free+ Nolimit+ со договор на 24 месеци. Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 077 1234 или на www.vip.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП