25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате да бидете поуспешни на работното место? Опкружете се со жени!

Сакате да бидете поуспешни на работното место? Опкружете се со жени!

businesswoman

На многу жени добро им се познати сите предности на женските тимови, а тие сега се докажани и со едно истражување, кое открило дека деловните групи составени од жени, подобро соработуваат, без оглед дали станува збор за соработка лице во лице или онјалн соработка.

Во истражувањето учествувале 272 испитаници, кои биле поделени во групи по четири лица и соочени со разни временски ограничени задачи, во кои требало да ги користат вештините кои ги користат на работа, како на пр. способност за донесување одлуки, координација, меморија, откривање на проблем, собирање на податоци итн. Целта била да се процени колективната интелигенција на групата и нејзината ефикасност.

Некои групи се запознале лице во лице, а некои соработувале онлајн. Истражувачите следеле колку секој поединец придонел за успехот на групата и ги пребројале и зборовите кои секоја група ги разменила. Исто така, истражувачите ја оценувале и емоционалната интелигенција на учесниците (способност за проценување на туѓите чувства). Резултатие биле интересни.

Луѓето во најуспешните групи учествувале рамноправно во задачите и многу комуницирале. Исто така, таквите групи биле претежно составени од жени и тие покажеле и поголема емоционална интелигенција.  Со други зборови, емоционално интелигентните групи биле попаметни и поуспешни, дури иако учесниците не биле способни да искористат некоја одредена вештина. Истражувачите затоа сметаат дека емоционално интелигентните луѓе веројатно имаат многу други вештини, кои ги прават поефикасни работници.

Значи, работниците кои умеат да ги препознаат туѓите чувства, се оние кои му се потребни на секој тим за успех. А ако не сте добри во проценувањето на тие нешта, само опкружете се со жени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП