29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар го намали профитот на P&G

Силниот долар го намали профитот на P&G

procter-gamble-wm

Американскиот производител на стока за широка потрошувачка „Procter & Gamble – P&G“ забележа остар пад на профитот во вториот фискален квартал.

Заработката на компанијата во три месеци заклучно со декември е намалена за 31 процент на годишно ниво на 2,4 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Американската валута во дадениот период била на повеќегодишен максимум во однос на другите големи светски валути. „Речиси секоја валута во светот изгуби на вредноста во однос на доларот, а пред се руската рубља“, изјави извршниот директор на компанијата Алан Џорџ Лафли, додавајќи дека силниот раст на доларот ќе влијае и на работењето во остатокот од годината.

„P&G“ наведува дека постигнал договори за продажба на 35 свои брендови, а претходно најави дека ќе елиминира околу 90 проценти од брендовите кои не остваруваат задоволителни резултати, за да се фокусира на најуспешните прозиводи.

Нето профитот на компанијата во кварталот заклучно со декември изнесувал 1,06 долари за акција, а курсот на доларот ја намалил вредноста на акциите за 16 центи. Аналитичарите предвидуваа нето заработка од 1,13 долари по акција. Приходите истовремено се намалени за 4,4 проценти на годишно ниво на 20,16 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП