20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската влада ја зголеми прогнозата за БДП

Германската влада ја зголеми прогнозата за БДП

germanija-berlin

Владата во Берлин прогнозираше економски раст на Германија од 1,5 проценти во оваа година, што е повеќе од првичните предвидувања.

„За 2015 година, Владата предвидува просечен годишен раст на бруто домашниот производ (БДП) од 1,5 проценти“, се наведува во извештајот на германското Министерство за економија, во кој агенцијата Франс прес имаше увид.

Француската агенција потсетува дека германската влада првично предвидувала раст на БДП на Германија од 1,3 проценти за оваа година, по растот од 1,5 проценти во 2014 година.

„Економскиот раст ќе се зголемува како што годината поминува, а до крајот на годината, растот на БДП ќе биде посилен отколку на крајот на 2014 година“, се наведува во извештајот на министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП