28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMansory ја тјунираше Berlinetta

Mansory ја тјунираше Berlinetta

berlineta

Компанијата „Mansory“ за саемот на автомобили во Женева го тјунираше „Ferrari f12 Berlinetta“. Тие извршија промени на моторот и направија V12 6.2L мотор кој развива 775ks во споредба со 740ks од основниот модел.

berlineta1

Ова беше возможно со реструктуирање на „ECU“ системот и инсталирање на спортски издувен систем. Вртежниот момент на моторот е зголемен од 690Nm кај фабричкиот модел на 725Nm.

Хаубата е редизајнирана, а унапреден е и предниот спојлер кој сега се прилагодува за подобро процурување на воздухот.

berlineta2

„Mansory“ има инсталирано и нови странични додатоци, дискретно задно крило и вграден дифузор.Сега на возилото се сместени тркала од 21-инчи на предните и 22-инчи на задните.

Во кабината е користен кожен тапацир, видливи се додатоците од јаглеродни влакна, а тука се и осветлените прагови на вратата, алуминиумските педали и ергономскиот волан за управување.

berlineta3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП