29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДесет мотори од иднината (фото)

Десет мотори од иднината (фото)

future moto nas

Се повеќе луѓе го менуваат автомобилот со мотор. Благодарение на развојот на технологијата, производителите на мотори веќе може да ги задоволат речиси сите желби на клиентите.

Денес тие го фокусираат своето внимание на создавањето на т.н. „мотоцикл на иднината“. Овие модели потсетуваат на необични копии од научно-фантастичен филм.

Погледнете ги овие топ 10 иновативни пронајдоци на иднината, кои можат да се користат и денес:

„Honda V4“

future moto1

Овој модел беше претставен во 2008-ма година во Германија. Тоа е стилски футуристички спортски мотор и нуди целосно нова насока на дизајнот за брендот „Honda“.

„Suzuki G-Strider“

future moto2

„Suzuki G-Strider“ за прв пат е виден во 2003-та година за време на автомобилскиот саем во Токио. Овој концепт е комбинација на еден мотор и скутер.

„I.Care“

future moto3

Овој мотор е најдобар пример за модерна технологија, при што дизајнот помага за развој на брзината. Тој е дизајниран во Франција.

„Victory Vision 800“

future moto4

Овој мотор е еден од најмоќните. Тој е погоден како за трки во градот, така и за возење на патеката. Патем, тој веќе е популарен меѓу симпатизерите со својата издржливост и сигурност.

„Yamaha Tesseract“

future moto5

Чудниот мотоцикл беше претставен на автомобилски саем во Токио во 2008-ма година. „Yamaha“ го изработува овој модел со „V-twin“ мотор.

„Peraves Monotracer“

future moto6

Ова е исклучително необичен затворен мотоцикл. Благодарение на аеродинамичниот изглед и ниска потрошувачка на гориво, тој е многу удобен за на долги растојанија.

„Bombardier Embrio“

future moto7

Покрај очигледната посебност, мотоциклот може да развива огромни брзини.

„Batpod“

future moto8

Ова чудовиште работи со помош на технологијата за ладење со вода, има мотор со еден цилиндар кој е доволен за брзото забрзување.

„Dodge Tomahawk“

future moto9

Тоа е еден вид мотомобил од „Dodge“. Поради ексцентричниот изглед и потенцијал е наречен „Tomahawk“ наместо „Widowmaker Dodge“. Моторот за прв пат е претставен во 2003-та година во Детроит.

„Confederate Renovatio“

future moto10

„Renovatio“ е дизајниран од врвни дизајнери од Америка. Ова е еден од најдобрите минималистички мотоцикли, во кој сепак ниту една од функциите на моторот не е изгубена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП