20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе подготвува таблетот Huawei MediaPad X2

Се подготвува таблетот Huawei MediaPad X2

media pad x2

Откако заврши овогодинешниот „CES“, полека почнуваат да се појавуваат информации кои се поврзани со уредите кои ќе имаме можност да ги видиме во март на „World Mobile Congress“. Oвој пат ќе се базираме на новиот модел на таблет на познатиот кинески производител – компанијата „Huawei“.

Според достапните информации, новиот „MediaPad X2“ таблет ќе го карактеризира екран со дијагонала од 7-инчи и резолуција од 1920×1200 пиксели. Што се однесува до процесорот кој ќе биде вграден во овој таблет, засега се шпекулира за домашниот (на компанијата) осум јадрен „Kirin 925 SoC“, чии јадра работат при такт од 1,8 GHz.

Кога меморијата е во прашање, овој модел би требало да располага со вкупно 3 GB RAM, што за најновата верзија на „Android“ (Lollipop) со „Emotion 3.0“ корисничкиот интерфејс и апликациите би требало да биде сосема доволно. Засега нема информации за меморијата за чување податоци, но се очекува да биде иста како и кај моделот „X1“, односно уредот да пристигне во верзии со 16 GB и 32 GB.

За крај можеме да додадеме дека „MediaPad X2“ потребната енергија за работа ќе ја црпи од батеријата со капацитет од 5.500 mAh, а и дека очекуваната цена за овој уред е околу 270 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП