19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМодерен стан од 19. век (фото)

Модерен стан од 19. век (фото)

barr1

Станот од 19. век во Барселона е проект на архитектот Сергеј Понс кој се погрижи за комплетното реновирање и редизајнирање…

Во процесот на создавањето на новиот дизајн на станот, архитектот ги открил и вратил во живот оргиналните дрвени греди и камените ѕидови кои му даваат карактер на ентериерот.

Материјалите во ентериерот на станот кои се користени се чисти и вклучуваат камен и дрво, како и хидрауличен мозаик кој наликува на тепих. Борот е користен за гредите, а локалниот камен за ѕидовите.

Геометриската бела коцка е ставена во центарот на станот, а таа содржи кујна и бања. Ѕидовите на оваа структура не се до таванот.

Белата бања е со текстура на камен ѕид кој создава топлина во просторот. Спалната соба иако мала изгледа многу отворена и светла.

Станот е светол и исполнет со природна светлина која продира од големите прозорци. Таа светлина навлегува и во ходникот и кујната.

Оригиналниот распоред на станот воодушевува со својата практичност, така што драстичните промени од страна на архитектот создадоа вистинско луксузно и иновативно ремек дело.

barr2

barr3

barr4

barr5

barr6

barr8

barr9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП