Ванкувер, третиот град по големина во Канада, е прогласен за најпосакувана метропола за живеење во светот. Се прашувате зошто? Безбројни се причините и можностите на овој град…
Го нарекуваат мултикултурен град бидејќи на секое ќоше можат да се слушнат различни светски јазици, што значи дека на 52 проценти од населението англискиот не им е мајчин јазик.
Доколку имате во план да го посетите овој несекојдневен град, наш предлог е да се сместите во овој неверојатен апартман во хотелот „Fairmont Raffles“ во Ванкувер, Канада.
Во овој апартман ви е овозможен неверојатен поглед кон околината од 360 степени.
Овој апартман зафаќа површина од 450 метри квадратни, тој поседува четири спални, три бањи, огромен салон, повеќе тераси, базен, сала за фитнес, винарска визба…
Мебелот кој го краси овој апартман се состои од внимателно избрани парчиња од повеќе експерти за мебел.