20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса со нов спонзор на дресовите

Барса со нов спонзор на дресовите

qatarairways

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона потпиша договор за спонзорство со авиокомпанијата „Катар ервејз“, која за тригодишно спонзорство на предниот дел од дресовите ќе издвои вкупно 105 милиони евра.

Барселона веќе има соработка со катарска групација и тоа „Катар фондејшн“, но сега авиопревозникот од една од најбогатите земји ќе внесе дополнителни милиони евра во буџетот на овој клуб

„Катар ервејз“ за рекламата на дресовите ќе издвои по 35 милиони евра од сезона во следните три години, почнувајќи од идната сезона, а рекламата за „Катар фондејшн“ ќе биде на задниот дел од дресовите, каде ќе остане и УНИЦЕФ.

„Среќни сме поради доаѓањето на „Катар ервејз“. Ние имаме многу заеднички вредности, а една од тие е желбата за совршенство. Овој  договор ќе им помогне и на жителите на Каталонија, а пред се во подобрувањето на авио-сообраќајот“,изјави претседателот на Барселона, Сандро Росел.

 

Генералниот директор на „Катар ервејз“, Акба Ал Бакер исто така е задоволен од соработката со клубот од Ноу Камп.

„Ќе им овозможиме многу убави работи и на Барселона и на Каталонија. Ние нема само да ја помагаме Барселона, ние ќе донесеме многу туристи во Барселона. Заедно ќе ги претставиме најдобриот клуб и најдобрата авио-компанија“, рече Ал Бакер.

Барселона со овој договор прекрши традиција долга 113 години да нема корпоративно спонзорство, и на предниот дел од дресовите да не се рекламираат големи компании. Досега само УНИЦЕФ и Катарската фондација беа рекламирани на дресовите, но без надомест.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП