Распослана на површина од 24.281 метри квадратни со раскошна градина во живописната природа на Глазгов, Шкотска, оваа куќа нуди душевен мир, задоволство и доволно простор, кој ќе направи да се чувствувате прекрасно.
Модерната и луксузна вила има свое приватно езеро, два ката, во кои совршено добро е искомбиниран модерниот мебел, со надворешниот природен свет, благодарение на големите прозорци од подот до таванот. И покрај тоа што овој ентериер дефинитивно му припаѓа на 21-от век, сепак кога ќе погледнете надвор во езерцето, добивате чувство како да се наоѓате во некоја традиционална колиба.
Всушност куќата е така дизајнирана, што каде и да се движите низ неа, постојано ќе бидете потсетувани, на природата која ви се смешка однадвор.
Дури и да не сте насочени кон прозорците, ќе забележите дека мебелот има таква површина, на која се рефлектира надворешноста, во секој дел од вашиот дом. Кога ќе пристигнете во вашиот дом со автомобилот, ќе ви се отворат електричните врати, после кои ќе возите по симпатична патека, која води директно до хациендата.
Таа располага со 4 спални соби, 2 тоалети, џакузи, сауна и туш кабина, како и дневна просторија, кујна и трпезарија во едно и две тераси. Изградена е од страна на компанијата „Savills“ и претставува симбол за луксуз и вистинско уживање.
Уживајте во фотографиите…