19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрвата суперјахта во 2015 - Galatea (фото)

Првата суперјахта во 2015 – Galatea (фото)

gad1

Една од првите суперјахти кои се лансирани оваа година е величествената и 40 метри долга јахта Galatea.

Оваа јахта ја креираше познатото холандско бродоградилиште, Heesen Yacht. Дизајнот на ентериерот и екстериерот е дел на Френк Лаупман од компанијата „Omega Architects“, додека нејзината наутичка архитектура е резултат на соработката меѓу бродоградилиштето „Heesen Yacht“ и „Van Oossanen Naval Architect“.

Ширината на јахтата од осум метри значи дека дизајнерите имале повеќе од доволен простор за игра, а секако тие постигнаа многу импресивни резултати.

Употребата на префинето дрво, како мacassar abonosa, димен сикамор и темен лешник, креираше топла и елегантна атмосфера, додека големите прозори овозможија влез на голема колична на природна светлина која го разубавува ентериерот. Во јахтата постојат пет префинето декорирани кабини, кои имаат премиум парчиња мебел и приватни мермерни бањи.

Надворешнота на оваа јахта е подеднакво привлечна како и внатрешноста. „Galatea“ има три одвоени отворени простори, со површина од околу 100 квадратни метри. Тие се идеални за дружење, забави, сончање…

Оваа јахта е на продажба, а нејзината ценa изнесува околу 20 милиони евра.

gad2

gad3

gad4

gad5

gad6

gad7

gad8

gad9

gad10

gad

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП