23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајновиот број на „Шарли ебдо“ е во милионски тираж

Најновиот број на „Шарли ебдо“ е во милионски тираж

Press conference to Charlie Hebdo

Најновото издание на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ од денеска е во продажба, а на насловната страна се наоѓа цртеж од пророкот Мухамед кој плаче и држи во рацете порака „Јас сум Шарли“.

Три милиони примероци беа испечатени, една недела од исламистичкиот напад на редакцијата на магазинот во Париз, во која беа убиени осум новинари и уште четири луѓе, пренесува „BBC“.

Новиот број го направија преживеаните членови на редакцијата и е достапен во 25 земји и на 16 јазици.

Браќата Саид и Шариф Кунаши на 7-ми јануари убија 12 луѓе во нападот на редакцијата на „Шарли ебдо“, вклучувајќи ги петмината најдобри карикатуристи и три членови на редакцијата.

Весникот „Шарли ебдо“ во минатото многу пати објавуваше сатиристички карикатури од пророкот Мухамед, што во некои од муслиманските земји предизвика голем бес и одржување на протести.

Редакцијата на францускиот магазин поради закани од страна на радикалните муслимани од 2006-та година имаше полициска заштита.

Преживеаните членови од редакцијата се заколнаа дека ќе ја зачуваат традицијата, на чија сатира се мета сите религии, политичари, јавни личности и актуелни случувања.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП