28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа кои работни места работниците ги мразат своите шефови?

На кои работни места работниците ги мразат своите шефови?

shef1

Деловната веб страна „Payscale“ направи листа од работни места на кои работниците најмногу ги мразат шефовите.

Анкетата која ја изработи „Payscale“ беше спроведена на 24.000 испитаници. Причините поради кои вработените не ги сакаат своите шефови се променливи. Според едно истражување, 41 процент од работниците кажале дека се психички малтретирани на работа, вели Хуфингтон пост.

Глумците, продуцентите и режисерите се на десеттото место со 13,3 проценти од оние кои ги мразат своите претпоставени. На деветото место се доставувачите со 13,5 проценти, а на осмото место со ист процент се наоѓаат операторите.

Административните работници се на седмото место со 13,6 проценти, додека администраторите се на шестото место. Безбедносните техничари се на петтото место со 15,8 проценти. На четвртото место се супервизорите со 17 проценти од оние кои ги мразат своите шефови.

Третото место им припадна на пекарите со 17,9 проценти, на второто место се забните техничари, а хемичарите се на првото место со 19,4 проценти од оние кои ги мразат своите шефови.

Дали и вие се пронаоѓате во ова истражување?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП