24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiTunes U со една милијарда превземања

iTunes U со една милијарда превземања

iYunesU

„Apple“ објави дека апликацијата „iTunes U“ ја превземале повеќе од 1 милијарда корисници. „iTunes U“ е една од најголемите светски виртуелни дестинации за бесплатно образование која помогна во создавањето на најпрестижните светски школи, книжарници, музеи и останатите организации посветени на образованието.

Својот прилог во „iTunes U“ го дадоа повеќе од 1200 факултети, вклучувајќи ги и Duke, Yale, Cambridge, MIT i Oxford. Популарните предавања бројат и преку 100.000 студенти.

„Инспиративно е да се види што професорите и студентите прават со „iTunes U“. Со голем број предавања и знаења кои се таму достапни, студентите можат да научат многу повеќе од порано, што е голем чекор кон подобрата иднина на образованието“, вели Еди Ку, претседателот на „Apple“ за интернет софтвер и услуги.

Над 60 проценти од превземањата се надвор од САД, што покажува дека знаењето на познава граници и дека сите имаат еднакви шанси за да се образуваат. Содржината на „iTunes U“ е достапна во повеќе од 155 земји во светот со преку 75.000 образовни апликации, што ја прави една од водечките во оваа област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП