28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со пуканки

Диета со пуканки

hitportal-pukanki

Диетата со пуканки е слична на многуте други диети, кои во центар на вниманието ставаат одредени здрави намирници и околу нив го градат остатокот од менито.

Пуканките се добар извор на јаглехидрати и можат да се користат во програмите за слабеење. На пример, една порција пуканки содржи само 70 калории.

Пуканките се хранливи, а во исто време не го расипуваат апетитот. Нивната главна предност е во тоа што содржат голема количина на влакна. Пуканките му помагаат на системот за варење и ја намалуваат количината на шеќер во крвта.

Пченката има уникатен состав на активни природни состојки – полифеноли кои се антиоксиданти и се добри за кожата, тие исто така го попречуваат развојот на многу болести и помагаат да се продолжи младоста.

 

Како пуканките можат да ви помогнат да ослабите и до што треба да се придржувате?

1. Јадете мали, здрави оброци секој ден. Вашата исхрана нека биде богата со протеини со малку масти започнете или продолжете да јадете зеленчук и овошје. Тоа треба да стане дел од вашата здрава исхрана.

2. Ослободете се од другите грицки кои имаат многу масти и калории.

3. Пијте вода наместо сокови или други високо калориски пијалоци како газираните сокови.

4. Во текот на денот, користе само пуканки како ужинка.

5. Купете пуканки без сол, а можете и да ги направите сами дома.

6. Направете пуканки без додавање на масло и сол

kak-da-si-napravim-pukanki-v-ienski-syd_8008

Зошто е практична диетата со пуканки?

– Пуканките се популарен производ кој е широко достапен во повеќето продавници

– Пуканките се дел од здравата исхрана

– Тие се богати со влакна и имаат многу малку масти

 

Зошто не е практична диетата со пуканки?

Замените на оброците во диетата не се делотворни при долгорочното слабеење. Хранете се правилно и вежбајте секојдневно, така ќе пронајдете навистина добар план за слабеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП