24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан ќе го претрка Интер за Настасиќ

Милан ќе го претрка Интер за Настасиќ

Nastisic Vid

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Матија Настасиќ може да се врати во Серија „А“, каде претходно играше за Фиорентина, но не во дресот на Интер, туку на Милан.

„Росонерите“ планираат да се изборат со градскиот ривал за потписот на српскиот репрезентативец, кој нема ниту еден натпревар во Премиерлигата во оваа сезона и најверојатно ќе го напушти „Етихад“.

Иако е голем интересот на Роберто Манчини кон Настасиќ, „Daily Mail“ тврди дека тој е поблиску до Милан.

Идејата на „црвено-црните“ е да се земе 21-годишниот дефанзивец на позајмица до крајот на сезоната. Ако потоа Милан сака да го задржи Настасиќ, ќе треба да плати за него околу 10 милиони фунти.

Шалке 04 исто така има желба да го привлече Србинот, но тешко е да се поверува дека тој ќе ја претпочита понудата на тимот од Гелзенкирхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП