На овогодинешниот Art Basel саем во Мајами, познатиот дизајнер на чевли и креативниот директор на Vivier брендот, Бруно Фрисони, ја претстави ексклузивната ташна, која го носи луксузното име Miss Viv ‘L’Arcobaleno…
Оваа шарена ташна е резултат на соработката помеѓу Фрисони и основачот на Design Miami, Амбре Меда. Оваа ултра гламурозна, наречена „statement“ ташна претставува вистинско ремек дело со елегантен дизајн кој потсетува на виножито и кој оваа година беше најпопуларен.
Сеуште нема информација за тоа колку ќе чини оваа беспрекорна и уникатна ташна од Бруно Фрисони. Се што знаеме е дека ќе биде претставена во лимитирано издание.