19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda во 2014-та: Година за паметење

Škoda во 2014-та: Година за паметење

sk milion

Прв пат во својата историја, долга повеќе од еден век, „Škoda“ може да се пофали дека од производните погони излегле 1.000.000 автомобили во една календарска година. Исто така за прв пат, во 2014-та ќе бидат продадени рекордни милион „Škoda“ возила.

„Škoda“, која започна да се занимава со производство на автомобили во далечната 1905-та година, во текот на првите 86 години од постоењето вкупно има направено нешто повеќе од 5 милиони возила.

Пресвртот во производството и растот на компанијата следеше по падот на Берлинскиот ѕид, кога во 1991-ва со помош на „Volkswagen“ започна трансформацијата на „Škodа“.

Дваесетина години подоцна, „Škoda“ во своите фабрики годишно изработува преку милион возила. Тоа е резултат на порастот на бројот на модели, а моментално во гамата ги има 7 со 40-тина различни подверзии, но и во освојувањето на нови пазари.

sk milion1

Поради тоа што со децении беше фокусирана на продажба во источна и централна Европа, „Škoda“ најпрво го прошири своето присуство на целиот европски континент, а потоа и надвор од него. Компанијата денеска ги продава своите модели во преку 100 земји ширум светот, додека новите „Škodа“ возила, покрај во Чешка се изработуваат и во Кина, Русија, Индија, Казахстан, Украина и Словачка.

Јубилејната милионита „Škoda“ во 2014-та е бела „Fabia 1.2 TSI“, која излезе од производниот погон во фабриката во Млада Болеслав (Чешка).

„Škoda“ во 2014-та ќе постави нов рекорд и според бројот на продадени возила, со оглед дека исто така за прв пат во историјата ќе испорачаат повеќе од милион возила во една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП