24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров најдобар десен бек во АСОБАЛ

Лазаров најдобар десен бек во АСОБАЛ

kire asobal

Капитенот на македонската репрезентација и ѕвездата на Барселона, Кирил Лазаров го доби признанието за најдобар десен бек за минатата сезона во шпанската ASOBAL лига.

Во пресрет на ASOBAL Купот, кој почнува денеска во организација на Адемар Леон, каталонскиот тим ги собра наградите. Гала­вечерта мина во апсолутна доминација на членовите на Барселона.

Покрај Лазаров награди добија и:

Виран Морос (најдобар дефанзивец),

Даниел Шариќ (најдобар голман),

Виктор Томас (најдобро десно крило),

Јеспер Нодесбо (најдобар кружен напаѓач) и

Никола Карабатиќ, кој ја доби наградата за најдобар ракометар во АSOBAL за сезоната 2013/2014.

Лазаров ја доби и наградата Powerade по втор пат во ASOBAL лигата, за ракометар со најмногу настапи во шампионатот 2013/14 ­ 38 настапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП