19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа храна помага да забремените

Оваа храна помага да забремените

61236_shutterstock-147978782_630x0

Селенот е минерал кој на нашето тело му е потребен. Во мали дози тој има позитивно влијание на нашето здравје, додека во големи количини може да биде опасен.

Премногу селен (200 микрограми дневно) се поврзуваат со зголемен ризик од дијабетес тип 2, рак на простата, а големите количини на овој минерал нема да имаат позитивен ефект ниту на срцето. Селенот е еден од оние елементи кои во нашето тело се потребни, но потребно е да ја одредите вистинската доза, објаснува Марк Мојард, автор на книгата „The Supplement Handbook“.

Истражувачите претходно утврдија дека количината на селен во телото има врска со фертилитетот, односно плодноста, поточно жените кои внесуваат доволни количини од овој минерал во поголем број на случаи забременуваат отколку оние кои не го внесуват доволно.

Еден од најсигурните начини да го внесете доволно, но не премногу, е да го внесувате преку храната. Кои намирници треба да ги јадете?

1. Бразилски орев

79268_profimedia0098999999_630x0

Бразилскиот орев е најдобар извор на селен со 514 микрограми на 30 гр ореви (од 6-7 ореви).

2. Риба

79266_profimedia0019101874_630x0

Со 95 микрограми во една порција туна, таа е на второто место. Добар извор на селен се  сардините со 45 микрограми во порција.

3. Свинско, говедско и пилешко

54086_profimedia0090774364_630x0

Како и рибата и месото е богато со селен. Свинското месо има 42 микрограми, говедско 33 микрограми, мисиркиното месо 31 микрограми, а пилешкото 22 микрограми по порција.

4. Домашен кашкавал

15010_brie_shutterstock_62933155_630x0

Не само што има 20 микрограми селен, туку и 130 мг калциум во 100 гр.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП