28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ10 работи кои можеби не сте ги знаеле за Amazon

10 работи кои можеби не сте ги знаеле за Amazon

amazon fulll

Во последниве неколку дена актуелна е темата за грешката во системот, која трговците кои работат преку „Amazon“ ќе ги чини десетици илјади долари.

„Amazon“ својот бизнис го започна пред 20-тина години во гаража, а денеска има повеќе вработени отколку „Microsoft“.

Според „BuzzFeed“, ова се некои од најинтересните факти за неговата историја:

1. Основан е во гаража.

„Amazon“ е основан во градот Белевуе, но тоа што веројатно многумина не го знаат е дека бизнисот започнал во гаражата на Џеф Безос.

2. Стартувале со книги.

„Amazon“ на почетокот продаваше само книги, а првата која ја продале беше на 3-ти април 1995-та година.

3. Ѕвоно.

Според најновата книга на Џеф Стоун, во почетоците на „Amazon“ секој пат кога некој нешто ќе порачал, во уредот заѕвонувало ѕвонче.

4. Грешка.

Во самите почетоци, „Amazon“ поради грешка во компјутерскиот систем исплатувал пари на кредитните картички на своите корисници.

5. 60 работни часа.

Со цел разултатите да бидат што подобри, работниците на почетокот работеле по 60 часа неделно.

6. Експанзија на работници.

„Amazon“ денеска има повеќе од 117.000 вработени, што е повеќе од „Microsoft“. Оваа бројка е во постојан раст.

7. Oгромен магацин.

Центарот на „Amazon“ во Феникс се простира на 1.2 милиони квадрати. Еден работник тврди дека во еден ден пешачи 17 километри на работа.

8. Се користат и роботи.

Со цел на работниците да им се олесни работата, „Amazon“ за во магацините ангажира и роботи. Тие биле платени 775 милиони долари.

9. Строг шеф.

Според зборовите на вработените, основачот на „Amazon“, Џеф Безос, не се двоуми да го каже тоа што го мисли. Па така има запрашано еден работник: „Дали си мрзлив или едноставно неспособен?“.

10. Скапо платениот пад на серверот.

Во август 2013-та, комапнијата загуби 4.8 милијарди долари само затоа што страната „Amazon.com“ не била достапна 40 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП