28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама забрани трговија со Крим

Обама забрани трговија со Крим

BarackObama_AP_DroneStrikes

САД воведе економски бојкот и ја забрани трговската размена со Крим, ден откако ЕУ воведе слични санкции.

„Повторно ја повикувам Русија да ја прекине окупацијата и обидите за анексија на Крим и да престане да им дава поддршка на сепаратистите на истокот на Украина“, изјави вчера претседателот на САД, Барак Обама.

Претставниците на Крим и проруските сепаратисти синоќа не успеаа да постигнат договор за датумот за почеток на состанокот на кој би требало да биде покренат мировниот процес и така да биде завршен кнфликтот на истокот на Украина, во кој досега настрадаа 4,700 луѓе.

Вчера и Канда на Москава и воведе нови санкции, со кои во оваа земја е забранет влезот за околу 20 лица од Русија, освен тоа, воведено е и ограничување на извозот во Русија.

Канадскиот премиер Стефан Харпер изјави дека режимот на рускиот претседател Владимир Путин го прекршува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Канада нема да прифати нелегална окупација на Крим“, изјави Харпер.

Официјална Москва соопшти дека на најновите мерки на Западот ќе одговори со силна порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП