29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏо Харт конечно потпиша нов договор

Џо Харт конечно потпиша нов договор

hart4

Голманот на Манчестер Сити Џо Харт потпиша долгорочен договор со клубот. Новиот договор на чувар на мрежата со „граѓаните“ истекува на крајот на сезоната 2018/19.

27-годишниот англиски репрезентативец следеше по Серхио Агуеро, Един Џеко, Александар Коларов, Самир Насри и Давид Силва, кои во 2014 година ги парафираа своите нови договори со Манчестер Сити.

Ако Џо Харт го исполни целиот договор, до 2019-т година, тој ќе има зад себе 13 сезони во клубот.

“Многу сум среќен. Тука сум долго време и продолжувам напред. Клубот прави страшни работи во моментов, креираме историја и сакаме да продолжиме во истиот дух“, изјави голманот за официјалната страна на клубот.

Според договорот Харт ќе добива по 120.000 фунти неделна плата.

Харт е во Сити од 2006-та година, кога дојде од Шревсбери. Оттогаш голманот одигра 276 натпревари за шампионот.

Во наредните денови Сити ќе го обнови договорот и на Џејмс Милнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП