28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПетте најголеми разочарувања меѓу смартфоните во оваа година

Петте најголеми разочарувања меѓу смартфоните во оваа година

razocaruvanja nas

Оваа година беше исклучително интензивна во однос на конкуренцијата меѓу водечките светски производители на мобилни уреди што доведе до континуиран пад во цените на уредите.

И додека сме сведоци на претставувањето на нови модели од речиси сите водечки производители кои се стремеа кон тоа да се разликуваат од останатите на пазарот, имаше и доста разочарувања.

Еве ги петте најголеми разочарувања за оваа година, според весникот „Computer World“.

Дизајнот на моделот „Samsung Galaxy S5“.

razocaruvanja 11

Новиот симбол модел на „Samsung“, претставен во април, ги разочара речиси сите на пазарот. Очекувањата беа за метално куќиште на смартфонот, што не се реализираа. Корисниците во голема мера ја казнија компанијата која ги разочара, па продажбата на моделот се намали скоро на половина, во споредба со онаа на неговиот претходник. Тоа се рефлектираше и врз добивката на компанијата и доведе до сериозна загуба на пазарниот удел. Ова беше голема поука за компанијата и таа започна да претставува смартфони со делумен метален дизајн, како новиот „Galaxy Note 4“ и целосно металниот „Alpha“.

Предната камера на моделот „iPhone 6“.

razocaruvanja 2

Овој модел беше можеби најочекуваниот паметен телефон на оваа година. Во голема мера очекувањата на потрошувачите беа и за подобра предна камера со која може да прават добри „селфи“ фотографии. Трендот сепак беше изоставен од компанијата, која претстави два нови модели со 1.2-мегапикселна предна камера – нешто нетипично за смартфоните со слични цени.

Недостатокот на „LTE“ на моделот „Motorola Moto G“.

razocaruvanja 3

Новата верзија на смартфонот, кој направи вистинска револуција кај цените, се покажа без можност за работа со мрежи од следната генерација. Оваа одлука е чудна, со оглед на презентираните верзија со слични можности на оригиналниот „Moto G“. Од компанијата ветуваат дека ќе го поправат тоа со нова верзија на моделот, но се уште не е познато, кога и дали таа ќе се појави на пазарот.

Екранот на евтиниот „Nokia Lumia 530“.

razocaruvanja 4

Една од причините моделите „Lumia“ уште да се на пазарот е успехот на евтиниот модел „Lumia 520“, поточно дека тој возможува добар сооднос цена-добивка. Во овој поглед наоѓањето на заменик во лицето на моделот „Lumia 530“, не беше лесна задача. За да се постигне пониска цена од околу 100 долари, сепак, компанијата има направено премногу жртви во лицето на екранот. Според експертите, стариот модел е со подобар екран.

Почетната цена на моделот „Amazon Fire Phone“.

razocaruvanja 5

По долго чекање, „Amazon“ го претстави својот прв смартфон во јули оваа година. Првичниот интерес бргу се намали поради високата цена со која беше презентиран уредот – 649 долари без договор. Смартфонот не располагаше со технички карактеристики со кои можеше да ја оправда оваа цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП