29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF: Пропадна договорот со Gazprom

BASF: Пропадна договорот со Gazprom

basf_gasprom_241213

Германската хемиска компанија „BASF“ соопшти дека пропадна склучувањето на договорот со рускиот „Gazprom“, кој беше планиран две години.

Германското Министерство за правда наведе дека на таквата одлука не влијаеле политичките притисоци.

„Gazprom“ требаше да преземе голем дел од работењето со гас во Германија, а „BASF“ да добие удел во работата со гасните полиња во Сибир.

„BASF“ со тоа сакаше да го прошири сопственото производство на нафта и гас и да излезе од трговијата со гасот, вредна 12 милијарди евра.

За пропаѓањето на договорот, „BASF“ ги обвини „тешките политички околности во овој момент“.

„Тоа беше одлука на ниво на компанијата. Не постоеше политички притисок од германската страна“, изјави портпаролката на германското Министерство за правда, Јулија Модес.

Критичарите за договорот на „BASF“ и „Gazprom“ сметаа дека ќе биде стратешка грешка на Германија, а на планот, како што се наведува, се противела и германската јавност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП