25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија штеди, ги затвора амбасадите

Белгија штеди, ги затвора амбасадите

belgija154lk

Белгија поради штедењето ќе затвори 18 амбасади и конзулати, соопшти Министерството за надворешни работи во Брисел.

Затворањето на тие служби е неопходно за Министерството за финансии да може да ја обезбеди работата на останатите мисии во време на штедењето, се вели во соопштението.

Така ќе бидат затворени амбасадите на Белгија во Талин, Рига, Вилнус, Љубљана и Никозија, и конзулатите во Франција – во Лил и Стразбур. Во Африка ќе бидат затворени амбасадите во Либија и Конго и конзулатите во Мароко и Јужна Африка.

Во Америка ќе бидат затворени конзулатите во Торонто, Кито и Ла Паз. Амбасадите на Белгија во Кабул ќе престанат со работа во месец јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП